Забава

Со мали грешки до големи катастрофи - вселенски гафови (прв дел)

09.09.2005

За вториот дел кликнете тука.

Поголемиот дел од мисиите, кои се испраќаат во Вселената, завршуваат успешно и без поголеми проблеми ја остваруваат својата цел. Но, не треба многу за нешто да тргне наопаку и целиот вложен труд и милиони долари да бидат фрлени во неповрат. Посебно е фрустрирачки кога една значајна мисија нема да успее заради некоја мала, дури и смешна, грешка, како на пример недоразбирање помеѓу инженерите и програмерите на леталото, или давање на наредби во инчи кога леталото е програмирано да работи со сантиметри и слично. Еве неколку примери за мисии кои не успеале, или се соочиле со проблеми, токму заради такви грешки.


Mars Climate Orbiter - MCO

Една од најголемите катастрофи во аеронаутиката, направени до сега, е уништувањето на Mars Climate Orbiter (MCO).

  

Шематски приказ на леталото Mars Climate Orbiter

MCO е лансиран на 11 декември 1998 година. За време на патувањето, инженерите на Земјата давале наредби да се испукаат ракети за да се поправи патеката на леталото. Токму тука била направена и грешката. На 23 септември 1999, финалната ракета требала да го постави MCO на правилна патека во орбита околу Марс. Но, леталото веќе било навлезено во атмосферата и повлечено од гравитацијата на планетата. Наместо да си заземе сигурна орбита, тоа се смачкало на површината на Марс.

Истражувачки тим на НАСА подоцна утврдил дека софтверот на леталото не можел да ги претвори англиските мерни единици во Њутни. Една англиска мерна единица за сила (роund) е еднаква на 4,45 Њутни. Оваа разлика придонела леталото да се спушти на ниска висина и да биде целосно уништено.

МСО требаше да биде едно од клучните летала во истражувањето на црвената планета. Тоа требаше да прати информации кои би ги искористил Mars Polar Lander (MPL), кој требаше да се спушти на површината на Марс следниот месец.


Mars Polar Lander - MPL

MPL беше лансиран на 3 јануари 1999, со помош на истата ракета како и MCO, Delta II. Иако целата вистина не е позната, најверојатното сценарио е дека проблемот се појавил за време на слетувањето, кога централниот систем на леталото требало да ги испушти нозете и да заземе слетувачка позиција.

  

Шематски приказ на леталото Mars Polar Lander

Секое стапало од нозете било обложено со магнетни сензори, кои произведувале електричен напон кога ногата ќе ја допре површината. Спуштачките мотори требало да бидат исклучени со команда во софтверот на леталото, кога ќе се забележел допир. Но, допирниот сензор произвел погрешен сигнал во управувачот на нозете. Ова однесување било разбрано од инжeнерите и програмата требало да го игнорира.

Но, програмерите не сметале на овие работи. Програмата го земала овој лажен сигнал како вистински допирен настан. Така програмата ги исклучила моторите, резултирајќи со слободно паѓање на леталото на висина од 40 метри и удирање на површината на Марс со брзина од 22 m/s. Програмата требала да го заштити леталото од сигнал за предвремено слетување или за расипан сензор во некоја од нозете. Но, тоа не се случило и мисијата завршила катастрофално, со целосно уништување на MPL.

Продолжува следниот петок...

Мартин Ивановски

Овој запис е прочитан 2489 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

Once the famous Once the famous


вчера

The Waterfall and the World at Night The Waterfall and the World at Night


завчера

Swinging around the Sun's eastern limb on Monday, Swinging around the Sun's eastern limb on Monday,


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Денот на Венера трае подолго од годината.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3