Разно

Религиозни календари 1 - Како се одредува датумот кога се паѓа Велигден (VI продолжение од циклусот за календари)

29.04.2005

Православен верски календар

„Оче наш кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги на сите доловите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.“

Ова е Господовата молитва, која е иста и во православниот и во католичкиот свет. Исти се и 10-те Господови заповеди, кои претежно содржат религиозни  морални човекови обврски. Но, календарот кој го користат овие две христијански религии е различен. Поделбата во Христијанската црква се случува во 1054 година, кога црквата се дели на Источна (православна) и Западна (римокатоличка). Сите светци кои биле востановени до тој период постојат и во двете цркви, а од поделбата па до денес двете цркви посебно си одредуваат свои светци. Пример за тоа се светците Свети Климент и Наум, кои како свети личности не постојат во католичкиот свет.

Но, најголемиот празник кој го прославуваат и двете цркви е празникот Велигден. Велигден се прославува од најстаро време кај целиот христијански свет. Како религиозен празник не се прославуваше само за време на комунизмот во социјалистичките земји. Во тој период не се одредуваше неработен ден, но и самата држава не го попречуваше јавното собирање кај народот. Истото се однесуваше и за празникот на Христовото раѓање - Божиќ.

Велигден различно се прославува во двете поделени цркви. Во Македонија, Србија и Црна Гора и Русија, овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот Грегоријански календар. За определување на датумот кога се прославува Велигден во православниот свет, се земаат предвид неколку работи. Прво, датумот треба да биде после пролетната рамноденица (21 март), после Еврејскиот празник Пасха (Paschal - 14 Нисан по Еврејскиот календар) и во првиот ден недела после полната Месечина. За главен меридијан се зема меридијанот што поминува низ Ерусалим, поточно низ гробот на Исус Христос (околу 35 степени и 15 минути источно од Гринич).

На самиот празник се прославува Христовото воскреснување и празникот секогаш се прославува во недела. Според Евангелието на Матеј, Исус Христос е роден за време на владеењето на Јудејскиот цар Ирод, кој умрел во 4-та година п.н.е. Се претпоставува дека Исус Христос е роден некаде помеѓу 4-та и 7-та година п.н.е. Не е одреден датумот на неговото раѓање, но според некои документи се спомнува 23 октомври. Неговото распнување се случило на 13 Нисан според Еврејскиот календар, еден ден пред големиот Еврејски празник Пасха (празникот Пасха е најголем Еврејски празник, кога се прославува преминувањето на Мојсеј и Евреите преку Црвеното море; тоа се случило во 3761 година п.н.е; во Израел, празникот се прославува седум дена). Воскреснувањето се случило на 15 Нисан според Еврејскиот календар (повеќе за Еврејскиот календар ќе може да прочитате следниот петок).

За долгорочно одредување на денот кога се прославува Велигден, во православната црква се користи Гаусовата формула. Неа ја има добиено Карл Фридрих Гаус (Carl Friedrich Gaus 1777-1855), еден од најголемите светски математичари. Докторирал на 22 години и бил директор и професор по астрономија во Готингем. Ја има одредено патеката на астероидот Церес, го пронашол магнометарот и извршил мерења на магнетното поле на Земјата. Мерката за магнетна индукција го носи неговото име. Неговиот лик беше на банкнотата од 10 германски марки.

Формулата е формирана на следниот начин :

R1 = година мод 19
R2 = година мод 4
R3 = година мод 7
RA = 19 х R1 + 16
R4 = RA мод 30
RB = (2 x R2) + (4 x R3) + (6 x R4)
R5 = RB мод 7
RC = (R4+R5) + 13 Јулијански денови

RC 1

22  март

RC 12

02 април

RC 23

13 април

RC 34

24 април

RC 45

05 мај

RC 2

23 март

RC 13

03 април

RC 24

14 април

RC 35

25 април

RC 46

06 мај

RC 3

24 март

RC 14

04 април

RC 25

15 април

RC 36

26 април

RC 47

07 мај

RC 4

25 март

RC 15

05 април

RC 26

16 април

RC 37

27 април

RC 48

08  мај

RC 5

26 март

RC 16

06 април

RC 27

17 април

RC 38

28 април

RC 49

09  мај

RC 6

27 март

RC 17

07 април

RC 28

18 април

RC 39

29 април

 

 

RC 7

28 март

RC 18

08 април

RC 29

19 април

RC 40

30 април

 

 

RC 8

29 март

RC 19

09 април

RC 30

20 април

RC 41

01 мај

 

 

RC 9

30 март

RC 20

10 април

RC 31

21 април

RC 42

02 мај

 

 

RC 10

31 март

RC 21

11 април

RC 32

22 април

RC 43

03 мај

 

 

RC 11

01 април

RC 22

12 април

RC 33

23 април

RC 44

04 мај

 

 

За пример, ќе го земеме одредувањето на Велигден за 2005 година.

R1 = 2005 / 19 = 105,526 - 105 = 0,526 x 19 = 9,999 = 10
R2 = 2005 / 4 = 501,25 - 501 = 0,25 x 4 = 1
R3 = 2005 / 7 = 286,428 - 286 = 0,428 x 7 = 2,999 = 3
RA = 19 x 10 + 16 = 206
R4 = 206 / 30 = 6,866 - 6 = 0,866 x 30 = 25,999 = 26
RB = (2 x 1) + (4 x 7) + (6 x 26) = 170
R5 = 170 / 7 = 24,285 - 24 = 0,285 x 7 = 1,999 = 2
RC = (26 + 2) + 13 јулијански денови = 28 + 13 = 41

RC = 41 или 1 мај по Грегоријанскиот календар (види ја горната табела)

Празникот Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела. Затоа доаѓа до поместување и на други верски празници во текот на годината. На пример, постот за празникот Велигден започнува 7 седмици пред самиот празникот и за 2005 година почна на 14 март. Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во сооднос со Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела. 40 дена по Велигден е празникот Спасовден, и овој празник секогаш се паѓа во четврток. Десет дена по овој празник, или 50 дена по Велигден е празникот Духови (Света Тројца) - ден на мртвите, и овој празник секогаш се паѓа во ден недела. Пред празникот Велигден се т.н. посни денови. Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја започне својата јавна проповед и да биде искушуван. Покајанието е врвен добродетел во животот на христијаните. Тоа е воскресение на душата и победа на гревот. Преку покајанието и исповеста душата се раѓа за нов и свет евангелиски  живот.

Останатите поголеми верски православни празници се:
7     јануари       Божиќ (Христово раѓање);
9     јануари       Свети Стефан;
19   јануари       Богојавление Водици;
31   јануари       Свети Атанас;
15   февруари   Сретение Господово;
22   март            Младенци;
7     април          Свето Благовештение;
24   април          влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници;
6     мај               Свети Ѓорѓиј – Ѓурѓовден;
24   мај               Свети Кирил и Методиј;
3     јули             Наум Охридски чудотворец;
7     јули             раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден;
12   јули             Свети Петар и Павле;
2     август         Свети Илија – Илинден;
9     август         Свети Климент;
19   август         Преображение на Исус Христос;
28   август         Голема Богородица;
21   септември   Мала Богородица;
27   септември   Крстовден;
27   октомври     Петковден;
8     ноември       Митровден;
19   декември    Свети Никола.

Посни денови во годината се секоја среда и петок (освен т.н. редовни седмици), водокрст 18 јануари, Свети Јован Крстител 11 септември, Крстовден 27 септември.

Повеќедневни пости се:
Велики пости              од 14.03 до 30.04;
Петрови пости            од 27.06 до 11.07;
Богородични пости    од 14.08 до 27.08;
Божиќни пости           од 28.11 до 06.01.

Во среда и петок не се пости во следниве седмици:
-седмица на митарот и фарисејот     од 20.02 до 26.02;
-месопусна седмица                            од 06.03 до 12.03;
-светла седмица                                  од 01.05 до 07.05;
-недела Духовденска                        од 19.06 до 25.06 и
-недела од Божиќ до Водосвет         од 07.01 до 17.01.

Одредени празнични постови го поместуваат датумот во согласност со Велигденските пости.

Во наредните години Велигден се паѓа во следните денови:
2006 година - 23 април;
2007 година - 8 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
2008 година - 27 април;
2009 година - 19 април;
2010 година - 4 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
2011 година - 24 април (се поклопува со католичкиот Велигден) и.т.н.
 
За другите години погледнете ја следнава табела.

2006

23 апр

2046

29 апр

2086

07 апр

2126

14 апр

2007

08 апр

2047

21 апр

2087

27 апр

2127

04 мај

2008

27 апр

2048

05 апр

2088

18 апр

2128

25 апр

2009

19 апр

2049

25 апр

2089

01 мај

2129

10 апр

2010

04 апр

2050

17 апр

2090

23 апр

2130

30 апр

2011

24 апр

2051

07 мај

2091

08 апр

2131

22 апр

2012

15 апр

2052

21 апр

2092

27 апр

2132

06 апр

2013

05 мај

2053

13 апр

2093

19 апр

2133

26 апр

2014

20 апр

2054

03 мај

2094

11 апр

2134

18 апр

2015

12 апр

2055

18 апр

2095

24 апр

 

 

2016

01 мај

2056

09 апр

2096

15 апр

 

 

2017

16 апр

2057

29 апр

2097

05 мај

3000

20 апр

2018

08 апр

2058

14 апр

2098

27 апр

4000

14 мај

2019

28 апр

2059

04 мај

2099

12 апр

5000

11 мај

2020

19 апр

2060

25 апр

2100

02 мај

6000

07 мај

2021

02 мај

2061

10 апр

2101

24 апр

7000

02 јун

2022

24 апр

2062

30 апр

2102

09 апр

8000

29 мај

2023

16 апр

2063

22 апр

2103

29 апр

9000

23 јун

2024

21 апр

2064

13 апр

2104

20 апр

10000

19 јун

2025

20 апр

2065

26 апр

2105

05 апр

10100

21 јун

2026

12 апр

2066

18 апр

2106

25 апр

14000

24 јул

2027

02 мај

2067

10 апр

2107

17 апр

15000

21 јул

2028

16 апр

2068

29 апр

2108

06 мај

20000

21 авг

2029

08 апр

2069

14 апр

2109

21 апр

30000

04 ное

2030

28 апр

2070

04 мај

2110

13 апр

40000

15 фев

2031

13 апр

2071

19 апр

2111

03 мај

50000

25 апр

2032

02 мај

2072

10 апр

2112

17 апр

 

 

2033

24 апр

2073

30 апр

2113

09 апр

 

 

2034

09 апр

2074

22 апр

2114

29 апр

 

 

2035

29 апр

2075

07 апр

2115

14 апр

 

 

2036

20 апр

2076

26 апр

2116

03 мај

 

 

2037

05 апр

2077

18 апр

2117

25 апр

 

 

2038

25 апр

2078

08 мај

2118

17 апр

 

 

2039

17 апр

2079

23 апр

2119

30 апр

 

 

2040

06 мај

2080

14 апр

2120

21 апр

 

 

2041

21 апр

2081

04 мај

2121

13 апр

 

 

2042

13 апр

2082

19 апр

2122

03 мај

 

 

2043

03 мај

2083

11 апр

2123

18 апр

 

 

2044

24 апр

2084

30 апр

2124

09 апр

 

 

2045

09 апр

2085

15 апр

2125

29 апр

 

 

Напомена: Гаусовата формула важи за периодот од 28 февруари 1900 година до 1 март 2100 година. После тоа, наместо RC = (R4 + R5) + 13 Јулијански денови ќе се пресметува RC = (R4 + R5) + 14 Јулијански денови, поради тоа што 2100-та Јулијанска година ќе биде престапна година, а во Грегоријанскиот календар таа ќе биде проста година. Истото се однесува и за периодот пред 1900 година, кога разликата изнесувала 12 дена.

Зоран Милчевски

Овој запис е прочитан 6630 пати

Пребарај

Се вчитува...

Актуелно од САД

Фотографија на денот

денес

The Crab Pulsar, a city-sized, magnetized The Crab Pulsar, a city-sized, magnetized


вчера

This alluring all-skyscape was taken 5,100 meters above sea level, This alluring all-skyscape was taken 5,100 meters above sea level,


завчера

Why does this starfield photograph resemble an Why does this starfield photograph resemble an


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Галилеевите сателити се видливи дури и со обичен двоглед.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3