Ѕвезди/Ѕвездени јата

Откриен е нов тип на супернова

05.04.2013
Замислете наеднаш, во близина на Сонцето изненадно да се појави малечка супернова, која досега не сме биле во можност да ја видиме. Астрономите од астрофизичкиот центар Харвард-Смитсонијан ја објавија веста дека деновиве откриле нов вид на бледа супернова која досега се криела зад сенките, надвор од нашите погледи.

Уметнички приказ на новиот тип на супернова наречен Тип Ајакс. Материјата од жешка, сина хелиумска ѕвезда прикажана десно на сликата е привлечена од страна на јаглеродно/кислородно бело џуџе кое е обиколено од диск, прикажано на левата страна. Во многу случаи белото џуџе ја преживува експлозијата. Извор: Christine Pulliam (CfA)

Досега, суперновите се делеа во два типа. Едниот настанува кога огромни ѕвезди со маса од 10 – 100 пати поголема од онаа на Сонцето ќе колабрираат предизвикувајќи силна експлозија. А другото сценарио им припаѓа на познатите супернови од типот 1а кои настануваат кога материјата од ѕвездата домаќин ќе биде вовлечена на површината на блиското бело џуџе. Со текот на времето се повеќе и повеќе материја паѓа на површината на белото џуџе, со што расне температурата на површината и така се активира јагреродот. Последица на сето ова е процесот на фузија, кој целосно го нарушува белото џуџе и резултира со силна екслозија.

Сега, за прв пат е пронајден и третиот тип на супернови, кои се побледи и ослободуваат помала енергија во споредба со типот 1а. Овој тип на мини супернови е наречен Ајакс (Type Iax). Нивната светлина е околу 100 пати послаба од онаа на останатите супернови, и според научниците тие ќе бидат околу 3 пати помалку присутни од суперновите од типот 1а.

Засега, откриени се околу 25 примероци од овој нов тип на супернови. Според досегашните податоци овие супернови не се наоѓаат во елиптичните галаксии исполнети со стари ѕвезди, што значи дека потекнуваат од помладите ѕвездени системи. Процесот на настанувањето на овој тип на експлозии потекнува од бинанрните системи составени од бело џуџе опколено од ѕвезда која веќе го има изгорено својот Водород, оставајќи надворешен слој богат со Хелиум.

Според едната теорија екслозијата настанува кога бранови од надворешниот слој со Хелиум ќе удрат во белото џуџе. Или пак, можеби белото џуџе едноставно експлодира поради премногу насобраните слоеви од Хелиум од блиската ѕвезда.

Во секој случај, интересно е тоа што најверојатно белото џуџе ја преживува експлозијата, за разлика кај типот 1а кога комплетно се уништува. Што се однесува до ѕвездата, таа може да поживее уште ден, два по експлозијата, но потоа ќе биде комплетно уништена.

Со овие супернова експлозии се ослободува огромно количество на енергија и топлина, доволно големо за блесокот да биде посилен и од една цела галаксија во одреден момент. Со оглед на екстремно жешките услови, се создаваат потешки елементи од типот на злато, никел, цинк... Па така, експлозијата остава доволно матрија во околината за да може во иднина да се креираат и родат нови ѕвезди.
 
Извор: Universe Today

Превод: Михаела Стојанова

Овој запис е прочитан 440 пати

Пребарај

Се вчитува...

Актуелно од САД

Фотографија на денот

денес

To some, it may look like a portal into the distant universe. To some, it may look like a portal into the distant universe.


вчера

One of the most identifiable nebulae in the sky, One of the most identifiable nebulae in the sky,


завчера

The clouds surrounding the star system Rho Ophiuchi compose one of the closest star forming regions. The clouds surrounding the star system Rho Ophiuchi compose one of the closest star forming regions.


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Најголемите ѕвезди спаѓаат во групата на црвени суперџинови. Тие имаат радиуси кои се споредливи со орбитите на Сатурн и Јупитер, што ги прави помеѓу 1 200 и 2 400 пати поголеми од Сонцето.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3