Мисии/Опрема

Успешен тест со падобран на капсулата Блу Оринџ

08.01.2013
НАСА партнерот во проектот Комерцијал Кру Програм - компанијата Блу Оринџ, изработи успешен тест на сигурносен систем за исфрлање на капсула од ракета, во случај на нејзино откажување на лансирната рампа. Тестирањето е изведено кон крајот на октомври, на локација за испитување на компанијата Вест Тексас покрај Ван Хом. Капсулата Њу Шепард во целосна големина (mock up model) лансирана е на висина од 703 метри со симулатор на погонскиот дел, а потоа, успешно е спуштена со падобран на површината без оштетување, на оддалеченост од 500 метри од местото на лансирање.



Овие тестови имаат за цел испитување на сигурносните системи, со што идните вселенски бродови ќе бидат опремени. НАСА бара целосна сигурност за астронаутите и капсулите, а деталите на договорот се под името „Space Act Agreement” во „Commercial Crew Development Round 2 (CCDev2)“ на НАСА.

Системот на Блу Оринџ се разликува од досегашните системи кои НАСА ги користеше на Меркјури, Џемини и Аполо, со можност капсулата да се одвои од ракетата кога има проблеми, дури и за време на летот при падобрански висини.

Според директорот на Блу Оринџ проектот, можноста која го нуди нивниот систем (како составен дел на капсулата, а не како посебна ракета на врвот на капсулата) за сигурно одвојување на капсулата со астронаути од ракетата е повеќе пати употреблив и дава нова димензија во пилотираните вселенски мисии за во иднина.

Со оглед на развојот на неколку приватни и државни вселенски бродови, овој систем мора да биде компатибилен за вградување во сите бродови, односно, во оние кои ќе бидат избрани за лет во Вселената.

Извор: Астрономски Mагазин

Автор: Марино Тумпиќ

Превод: Петар Ивановски

Овој запис е прочитан 382 пати

Пребарај

Се вчитува...

Актуелно од САД

Фотографија на денот

денес

Why did a picturesque Why did a picturesque


вчера

Earth size Kepler 186f Earth size Kepler 186f


завчера

Red Moon, Green Beam Red Moon, Green Beam


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Кон крајот на својот животен век Сонцето ќе порасне толку многу што Земјата ќе биде „проголтана“, односно ќе се најде во неговата внатрешност.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3