И оваа година им даваме можност на сите љубители на астрономијата да го направат првиот чекор во оваа интересна наука.
Од 14-ти мај до 11-ти јуни Скопско астрономско друштво го организира 14-тиот по ред Воведен курс по астрономија. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери, многу слики, анимации и неколку важни равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивното значење. Курсот е обмислен да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија.
Предавањата ќе се одржуваат три пати неделно - понеделник, среда и петок, на Машинскиот факултет со почеток од 20:00 часот. Ќе започнат во понеделник, 14-ти мај, а предвидени се 11, од кои две ќе се одржат во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје. Предавањата ќе завршат на 6-ти јуни, по што ќе следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели.
Редоследот на предавања е следниот:
14.05 | Основни поими во астрономијата |
| 16.05 | Основни закони во астрономијата |
18.05
| Сонце |
21.05
| Соѕвездија и координатни системи |
23.05
| Сончев систем I |
25.05
| Сончев систем II |
28.05
| Еволуција на ѕвезди |
30.05
| Оптички инструменти и астрономски софтвер |
01.06
| Космологија |
04.06
| Галаксии |
Цената за целокупниот курс е 1500 денари. Членовите на Скопското астрономско друштво, како и студентите на Машинскиот факултет имаат попуст за вакви настани, па за нив цената е 900 денари. Во цената се вклучени:
- скрипта со материјали од курсот
- теренско набљудување со телескопи
За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.com.mk, или јавете се на 076/439027 (Радан) и 070/275642 (Филип).
Благодарност до
Машинскиот факултет во Скопје за поддршката.