Пред десетина дена на Интернет излезе новата понапредна верзија на Скала на Универзумот. Иако, многумина помислија дека ќе нема значителни промени, сепак не е така! Новата верзија е навистина многу поразновидна и подобра.
Како и во претходната верзија има екран и доле скрол бар, лизгач, со кој може да се прошета од помалите до поголемите големини и обратно. Во оваа верзија, постои и можност да се исклучи музиката, што во минатата верзија не можеше.
Можеби единствена забелешка за новата верзија е што таа треба да биде побрза, односно да се движи побрзо по скалата, а нивоата да можат да се прескокнуваат.
На почетокот се наоѓа квантната пена и Планковата должина, а потоа се доаѓа до Неутрино (има пречник од 10-24).
Кога се доаѓа до 10-18 се влегува во светот на кварковите, а потоа во светот на атомите. Потоа, следат елементите на животот. Се забележуваат крвни клетки, митохондрии, хромозоми и сл. Конечно, се доаѓа до нашиот свет и овде работите стануваат многу поинтересни. Се гледа птицата додо, сончогледот и човекот. Ако во оваа програма се стисне со глувчето на било кој од објектите, ќе се прочитаат за нив некои интересни работи. Ако се притисне на иконата човек, може да се прочита дека на Земјата има 7 милијарди луѓе и дека требаат 200 години или по една секунда доколку сакате да поразговарате со секој човек на планетата.
Можете да дознаете дека највисоката зграда во светот е Бурј Дубаи, која има базен на 76-от спрат.
Прошетката продолжува до неутронската ѕвезда, а потоа може да се влезе во светот на сателитите, ѕвездите, маглините, галаксиите и конечно до Вселената.
Колкав е Универзумот? Од тоа што може да се види, открие, станува збор за 93 милијарди светлински години! Всушност, ние гледаме 13,7 милијарди светлински години, а тоа е затоа што за време додека до нас стигнала најстарата светлина, Универзумот се ширел и ширел. И ги достигнал тие 100 милијарди светлински години во дијаметар.
Ова е навистина прекрасна програма, полн со објекти кои ја претставуваат Вселената на одредена скала, кои се мудро избрани и проследени со корисни и интересни коментари.
Линк до Скала на Универзумот:
http://htwins.net/scale2/Извор:
Астрономски магазинАвтор: Александар Зоркиќ