Оваа година најсветлата планета на нашето небо навистина ни приреди многу занимливости. Најпрвин конјукцијата со Месечината, за потоа со Јупитер како и сите 3 објекти заедно. За оние што не знаат овие 3 објекти се трите најсветли објекти на ноќното небо.

Венера се доближува до Плејадите. Фотографирано на 02.04.2012
На почетокот на април Венера се приближи и до познатото отворено јато М45 (Плејади) во соѕвездието Бик. Временсите услови не полужија па можевме неколку денови да го набљудуваме овој настан. Погледнете како тоа изгледаше.

Анимација од движењето на Венера во текот на 2 дена. Подолу е фотографија на Мартин Стојановски од 2-ри април, а вториот дел од анимацијата е фотографија на Мартин Димитриевски од 3-ти април. Можете и самите да видите колку планетата се придвижила само за 1 ден.
Планетите на небото се приближуваат една до друга, но не така често на многу блиски растојанија. Последно такво приближување што го имаме детектирано со нашите фотоапарати се случи во 2007 година кога Месечината беше многу блиску до Плејадите.

Фотографија од 17 јуни 2007 година кога Месечината се доближи до ѕвезденото јато Плејади. Фото: Мартин Стојановски