Мисии/Опрема

Мали тајни од времето на “Луна – 9”

07.04.2012
На 6 февруари 1966 год. за прв пат во историјата на човештвото апарат направен на Земјата меко слетал на едно небесно тело. Тогаш, советската “Луна – 9” успешно слетала на површината на Месечината и од неа биле испратени првите податоци од површината на вонземниот свет, вклучувајќи ги и панорамските фотографии.
За техничките детали од оваа уникатна мисија се знае многу, меѓутоа има неколку необични детали поврзани за нејзината историја.

Кога започнале првите набљудувања на овој експеримент, едно од важните прашања било дали површината на Месечината е тврда или е покриена со дебел слој прашина.  Кога комплетниот технички концепт на апаратот за слетување зависел од механичките карактеристики на површината на Месечината, Сергеј Каралјов го повикал водечкиот планетолог на СССР за да се разјасни ова прашање.

Луна - 9

Се развила бурна дискусија каде имало поделени мислења за тоа каква е површината на Месечината. Некои анализи укажувале дури и дека дебелината на слојот на површината во поедини кратери е  до 50 м. додека најголем дел бил прекриен со слој со дебелина од 10 м.

На крајот на дискусијата, Каралјов кој внимателно ги ислушал сите аргументи, ја прекинал расправата изјавувајќи дека површината на Месечината е тврда.
Од тој момент, дискусиите за механичките својства за површината на Месечината престанале, а конструкторите можеле да се посветат на развојот на проектот на апаратот “Луна – 9”.

Иако, Каралјов бил поттикнувач на овој проект, во финалната фаза тој бил предаден на ново формираното Конструкциско биро “Лавочкин”. На раководното место на новото КБ бил поставен Николај Бабакин, еден од најимпресивните личности на советската планетарна космонаутика.

Во јануари 1966 год. кога проектот “Луна – 9” бил во финална фаза пред лансирање, Каралјов отишол како што многумина помислиле на рутинска операција во болницата Бурденко, која за жал завршила трагично.

По успешното слетување на “Луна – 9” на Месечината, Бабакин му предложил на претседателот на Академијата на науката на СССР, оваа историска мисија да се посвети на големиот Каралјов.

Но, тогашниот претседател на СССР сепак мислел поинаку, и успехот на “Луна – 9” го посветил на пленумот на Комунистичката партија на СССР, која се одржувала во Москва.

Кога “Луна – 9” меко слетала на Месечината, во контролниот центар во Јевпаторија на Крим стигнале и првите панорамски фотографии од еден вонземен свет.
Сега требало да се објават, а за тоа, сепак требало дозвола од врвот на СССР.  Меѓутоа, претседателот на СССР во тој момент бил на лов, па никој немал храброст да го прекинува, па дури ни во вакви историски моменти, за првите направени фотографии од Месечината.

Во меѓувреме, сигналите од “Луна – 9” ги примила и опсерваторијата “Џодрел Бенк” во В. Британија. Нејзиниот директор веднаш ги однел податоците до локалните весници каде од примените сигнали успеале да “оспособат” две квалитетни панорамски фотографии.

Така, првите фотографии направени од површината на едно друго небесно тело примени од советскиот вселенски апарат биле првобитно објавени во западните весници, додека Русија го чекала Брежњев да се врати од лов.



Извор: Астрономски магазин

Автор: Грујица Ивановиќ

Превод: Петар Ивановски

Овој запис е прочитан 351 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

What's that in the sky? What's that in the sky?


вчера

How was the unusual Red Rectangle nebula created? How was the unusual Red Rectangle nebula created?


завчера

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Прочитајте како еден странец ја доживеа средбата со САД за време транзитот на Венера... Повеќе...

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3