Ѕвезди/Ѕвездени јата

Проблемот за ѕвездите предци

06.04.2012
DEM L71 е остаток од супернова тип lа.  Анализите ( предимно оние на ударниот бран ) покажуваат дека остатокот нема повеќе од  1 соларна маса и има големи количества на железо и кислород. Сево ова сугерира дека ѕвездата предок била бело џуџе, но предизвикувачите на експлозијата се непознати.

Со досегашниот начин на проучување суперновите изгледаат доста предвидливи,  со некои исклучоци се разбира. Сепак поради фактот што финалните стадиуми низ кои минува ѕвездата пред експлозијата не можат да бидат набљудувани, не може со сигурност да се тврди од каква ѕвезда таа произлегла.



Во популарната теорија кај  суперновата од тип lа предок е бело џуџе, член на бинарен систем кој откраднува од материјата на својот сопатник поради големата гравитација се додека не го помине Чандрасекаровиот лимит;  1.4 соларни маси.
Оваа теорија е оспорувана поради многуте услови кои патем треба да бидат исполнети. Еден е тоа што количеството материја во акрецискиот диск мора да има точна вредност во секој момент. Малку побрз проток во некој момент ќе му даде доволно голема гравитација на белото џуџеза да може да се справи со енергијата од фузијата на јаглерод, при што нема да има експлозија туку белото џуџе ќе стане црвен џин.

Теоретичарите го објаснуваат овој проблем  предложувајќи постоење на стеларен ветар кој потекнува од белото џуџе и всушност тој би го контролирал нивото на материјалот кој влегува. Потребна е детекција на диспергирани јони за да се докаже постоење на таков стеларен ветар, а тоа сеуште не е остварено.



Понатаму,  експлозија на супернова тип lа сигурно би оставила видливи последици на  придружникот. Но засега во резултатите од истражувањата нема вакви ѕвезди.

Друга алтернативна теорија зборува за можно привлекување на две бели џуџиња, при што едното би се деспирализирало за сметка на другото кое постепено ќе достигне 1,4 соларни маси. Не е општо прифатена бидејќи најверојатно овој процес би се одвивал билиони години.

3-10 % од сите ѕвезди со маса меѓу 3 и 8 соларни маси експлодираат како супернови тип lа,  што исто така не им оди во прилог на новите теории, така да засега неколкуте примери како DEM L71 не го менуваат стандардниот модел за суперновите тип lа.

Извор: Universe Today


Превел: Милан Велков

Овој запис е прочитан 418 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


вчера

What on Earth is that?  What on Earth is that?


завчера

Once the famous Once the famous


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Леталата Викинг извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3