Во следните неколку месеци, кон Меѓународната вселенска станица ќе бидат лансирани најмалку шест различни вселенски бродови, вклучувајќи и комерцијални.
Првите од нив, европскиот товарен брод АТВ – 3 ќе биде споен со станицата кон крајот на март, додека на 25 април кон МВС ќе биде лансиран рускиот товарен брод “Прогрес – М- 15М”. Два дена подоцна, на Земјата од станицата со бродот “Сојуз ТМА – 22” ќе се вратат космонаутите Антон Шкаплеров, Анатолиј Ивајишин и Даниел Бурбанк.
На 30 април кон станицата ќе биде лансиран првиот комерцијален вселенски брод “Драгон” на американската компанија “СпејсХ”, чие спојување со МВС се планира за 3-ти мај. Потоа, на 15 мај ќе биде лансиран транспортниот вселенски брод “Сојуз – ТМА – 04М” со екипажот МКС – 31/32 во состав: Генадиј Падалка (РКА), Сергеј Ревин (РКА) и Џозеф Акаба (НАСА).
Два месеци подоцна, следи стартот на уште еден “Сојуз” (ТМА – 05М) со екипажот МКС – 32/33, кој го сочинуваат: Јуриј Маланченко (РКА), Сунита Вилијамс (НАСА) и Акихико Хосиде (ЈАХА).
Кон крајот на јули, од станицата ќе биде споен товарниот брод “Прогрес – М - 16М”, додека во исто време кон станицата ќе биде лансиран и јапонскиот товарен брод ХТВ. Конечно, најверојатно кон крајот на август или почетокот на септември кон станицата ќе биде лансиран
Извор:
Астрономски магазинАвтор: Грујица Ивановиќ