Околу една од многуте жолти ѕвезди кружат осум големи тела, со приближен округол облик, кои ги нарекуваме планети. Околу тие големи топки, кружат помали, кои ги нарекуваме нивни сателити, а околу таа ѕвезда - Сонцето, кружат уште неколку џуџести планети, а во два одвоени појаси сконцентрирани се т.н. астероиди, со неправилен облик. Некаде далеку од тој систем – Сончев систем, внатре во формацијата, слична на диск, се наоѓа галаксија, а такви има и многу други ѕвезди, помали и поголеми, кои ние од едната од осумте планети ги гледаме како светкави точки на нашето небо. Уште подалеку, по целата Вселена, расфрлени се многу такви галаксии... Ова е најповршната слика на Вселената во која живееме. Ова е се разбира, далеку од целосниот мозаик од сите облици на материи и енергии кои го исполнуваат нашиот свет, кои во Вселената и не се така стабилни.

Сончевиот систем содржи многу повеќе облици од една ѕвезда и 8 планети
Околу Сонцето кружат осум планети, по своите стабилни орбити со елипсовиден облик, со особено мали разлики во накривувањата на траекторијата во однос на траекторијата на Земјата. Просторот околу кој се движат на своите орбити е исчистен од други тела – планетите на тие елипси се во голем дел осамени, додека ги следат само нивните сателити. Токму овој услов, на Плутон му ја одзеде титулата на планета. Околината на Плутон е далеку позабавна од околината на Земјата.
Планетите меѓу себе се многу различни. Тие што се најблиску до Сонцето се: Меркур, Венера, Земјата и Марс, и се во цврста агрегатна состојба, додека Меркур е значително помал од останатите три планети. Нивните атмосфери се разликуваат меѓу себе. Атмосфера на Меркур речиси и да нема, додека атмосферата на Венера е особено густа и активна: атмосферата на Марс е поретка од Земјината сразремно на нејзината мала маса. Надворешните планети многу се разликуваат од внатрешните: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Од овие планети, Јупитер е убедливо на врвот споредено со Земјата, кој е огромен џин, а сите овие планети се гасовити џинови. Планетите немаат цврста површина, додека Меркур и Венера немаат свои природни сателити. Земјата ја има Месечината, а Марс има два мали сателити. Околу надворешните џинови, меѓутоа, се движат голем број на мали и големи сателити, а се формирани и ротирачките појаси. Некои од овие сателити се поголеми од Меркур и Плутон, некои се замрзнати, додека некои се вулкански активни. Секоја од осумте планети претставува свој поинаков свет.
И додека гасовитите џинови се опкружени со гужва во своие појаси и големи сателити, за значително помалата гужва околу Земјата се одговорни луѓето. Иако сме далеку од формирањето на појасот околу Земјата, сепак на ниските орбити околу Земјата се наоѓа огромен број не само моментно корисни вештачки сателити, туку во тие орбити се наоѓаат и многубројни истрошени сателити или т.н. отпад.
Околу Сонцето, исто така, постојат два ротирачки појаси со помали тела. Тоа е астероиден појас, негде помеѓу траекторијата на Марс и Јупитер. Овие тела не успеале, растргнати од гравитацијата, особено од Јупитер и Сонцето, да се соберат во една единствена планета. Така настанал огромен број на ладни цврсти тела со неправилен облик, кои згужвано заобиколуваат околу Сонцето. Границите на овој појас не се прецизно дефинирани, туку тој едноставно се разредува кон траекториите на соседните планети, каде тие ја прочистиле својата околина. Најголем објект во астероидниот појас е Церес, кој по дефиниција се класифицира како џуџеста планета, како и Плутон.
Плутон од своето откривање значително отстапувал од своите карактеристики од останатите планети. Далечен и убедливо најмал, имал многу некарактеристична елипсоидна траекторија, со огромна косина на траекторија од останатите планети. Во голем дел од своето заобиколување околу Сонцето, се приближувал поблиску кон Сонцето отколку Нептун. Зошто само едно тело помеѓу планетите би имало толку чудни карактеристики? Објаснувањето дошло со откривањето на големиот број тела со големина слична на Плутон, со слична неправилна траекторија. Таквите тела се наречени џуџести планети и освен Церес, се наоѓаат во еден поголем појас од астероиди, зад траекторијата на Нептун – Кајперовиот појас. Џуџестите планети се појавуваат значително помалку од помалите неправилни астероиди.
Астероидите во главниот астероиден и Кајперов појас во голем дел се неправилно растурени во просторот и некои од нив имаат траекторија која значително излегува од тие појаси или воопшто не мораат да припаѓаат на тие области. Постојат групи на астероиди чии траектории се и понатаму елипси, кои ја сечат траекторијата на повеќе планети. Таквите астероиди можат да бидат поблиску отколу планетата Венера со Сонцето, во својата најблиска положба со Сонцето, а во најоддалечената положба можат да бидат подалечни од Марс. Некои групи на астероиди со текот на времето дошле во некои специфични стабилни положби, така што постојат две мали групи кои се наоѓаат на траекторијата на Јупитер, а се движат така што групата, Јупитер и Сонцето цело време обликуваат рамностран триаголник.
Низ Сончевиот систем прелетува уште една врста на тела, кои можат лесно да се класифицираат како посебна – комети. Кометите се мали замрзнати тела кои имаат изразена елипсоидна траекторија, произволно ориентирана во просторот или воопшто не се на траекторијата околу Сонцето, туку влегуваат во Сончевиот систем од некои соседни делови на просторот околу Сончевиот систем.
Поради природата на својата траекторија, кометите во текот на своето обиколување околу Сонцето, силно се приближуваат до Сонцето и притоа имаат огромни брзини. Бидејќи брзо се приближуваат кон Сонцето и се загреваат, кометите директно преминуваат од цврста, замрзната состојба во гасовита состојба, под влијание на топлината и на Сончевиот ветар. Сончевиот ветар го сочинуваат наелектризирани честици кои Сонцето ги испушта со големи брзини во сите насоки. Тој го одделува создадениот гас и прашината која ја сочинуваат кометата, и така настанува опашката на кометата. Кометата со текот на времето ја троши својата маса, па поради тоа, зад себе остава трага составена од прашина, но и од цврсти делови, кои се нарекуваат метеорски потоци.
Кога Земјиното движење ќе пресече некој метеорски поток или кога некои мали тела од Сончевиот систем ќе налетаат на Земјата, овие тела наречени метероиди, влегуваат во Земјината атмосфера и најчесто согоруваат пред да паднат на површината поради големото триење при поминувањето низ атмосферата. Ова согорување остава светла трага на небото, која е наречена метеор (или позната и како ѕвезда паѓачка). Доколку телото не согори и падне на површината, се нарекува метеорит. На телата кои имаат разредена атмосфера или воопшто ја немаат, како нашата Месечина или Меркур, јасно се гледаат трагите од ударот на метеоритот, односно кратерите.
Речиси секоја вечер може со голо око да се види барем по некоја светла трага на небото, но во одредени периоди, односно кај пресеците со некои метеорски потоци, метеорите се значително зачестени.
Токму ваквата зачестеност на метеорите говори за гужвата која ја има во нашиот планетарен систем. Иако е ова огромен простор, судирите на Земјата и останатите големи тела со помалите тела и честици се навистина чести. Судирот на Земјата со некое поголемо тело, на пример со самата комета, може да има кобни последици по животот на Земјата. Интересни се и судирите на гасовитите џинови, како Јупитер со овие мали тела, каде областа со гас удрена од комета може да остане турбулентна и нестабилна со години.
Покрај разните спектакуларни настани на немирната површина на Сонцето, константно се исфрлаат млазеви наелектризирани честици во меѓупланетарниот простор – протони и електрони, со брзини кои ги надминуваат брзините на движење на сите останати тела во Вселената.
Овие честици се простираат дури до и зад Кајперовиот појас. Една од грубите дефиниции за границата на Сончевиот систем токму се фокусира на границата на Сончевиот ветер и бележењето на наглото намалување на овие честици.
Надвор од тие граници расфрлени по целата Вселена, се наоѓаат уште интересни и уште понестабилни објекти...
Автор: Марија Јанковиќ