Деновиве на западниот дел, по заоѓањето на Сонцето, како ѕвезда на небото прва се појавува планетата Венера, а малце подоцна кога ќе се намали дневната светина и се појавува и Јупитер. Овие денови Венера на свој пат по небото многу ќе се доближи до отворено јато Плејади кои се астеризам во соѕвездието Бик.
Плејади се групација на ѕвезди кои се гледаат и со голо око и можат да послужат и како тест за вид. Ако ги гледате некаде подалеку од градот каде нема светлосно загадување и ако изброите 7 ѕвезди имате одличен вид.
Венера пак е најсјаен објект на небото после Сонцето и Месечина и до колку сте на некое темно место, а месечина не е на небото, во темна ноќ можете да го видите и ефектот на сенката на Венера. До колку се собере сјајот на сите ѕвезди на ноќното небо тие ќе бидат сјајни колку и планета Венера кај народот позната и како ѕвезда Деница.
Оваа средба на Венера со Плејадите ја фотографирал Мартин Димитриевски и направил интересна анимација за да се запознаете со Плејадите. Сликано е со Canon EOS 5D, објектив 800mm f-8 na 3200 ISO i експозиција од 1s. Снимени се 12 фотографии кои се стакирани.