Разно

Стратешки планови на Роскосмос до 2030

03.04.2012
Федералната вселенска агенција “Роскосмос” ја предаде програмата “Стратегија на развојот на вселенските активности до 2030 год.” на Владата на Русија на разгледување.



Основната цел на програмата е до 2030 год. да обезбеди светско ниво на руската космонаутика и да ја зацврсти позицијата на Русија меѓу трите водечки вселенски држави.

Стратегијата треба да биде реализирана на следните три начини:
-    Со развој и користење на вселенската техника, технологија и услуги (овој програм е најприоритетен)
-    Создавање на пилотирани, транспортни и планетарни средства за освојување на вселенскиот простор, вклучувајќи и ракетно – вселенски системи со повеќекратна употреба
-    Создавање на научно – технички потенцијал за извршување на пилотирани летови на Марс и изградба на орбитална станица од нова генерација.

Руските вселенски апарати треба да ги обезбедат потребите од социјално – економската сфера, науката и одбраната до 95% (наместо 40% во 2011 год.).
Во рамките на програмата на фундаменталните вселенски истражувања треба да се достигне нивото до три лансирања годишно (во периодот на 2006 – 2011год. Русија досега оствари само едно “научно” лансирање за две години).

Улогата на Русија на светскиот вселенски пазар треба да се зголеми до 10% (0,5% во 2011 год.). Планирано е сериско производство на ракети – носачи од супер – тешката класа, вселенски носачи базирани на електричен погон, а исто така ќе се развиваат апарати за истражување на астероиди.

Русија планира изведување на демонстративен лет околу Месечината, со спуштање на космонаути на нејзината површина и нивно враќање на Земјата.


Извор: Астрономски магазин

Автор: Грујица Ивановиќ

Превод: Петар Ивановски

Овој запис е прочитан 241 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

Once the famous Once the famous


вчера

The Waterfall and the World at Night The Waterfall and the World at Night


завчера

Swinging around the Sun's eastern limb on Monday, Swinging around the Sun's eastern limb on Monday,


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Американскиот континент ќе се оддалечи уште повеќе кон запад, а Африка ќе се спои со Евроазија.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3