Mарс или “црвената планета” како што понекогаш се нарекува, на небото со голо око изгледа како црвенкаста ѕвездичка. Речиси и да нема ден, а да не прочитаме нешто за Марс. Дали сте знаеле дека главниот град на Египет – Каиро го добило името според Марс?

Марс по тераформирањето
Арапите всушност го познавале Марс и му го дале името “Ал – Кахира”. Марс е дупло помал од Земјата, неговиот дијаметар изнесува 6.700 км. Околу Сонцето кружи по елипса со карактеристики 250 х 207 милиони км. а еден круг околу ѕвездата му треба 687 Земјини денови. (на Марс една година трае две како на Земјата). Околу својата оска се врти за нешто повеќе од 24 и пол наши часови. Денот на Марс се нарекува СОЛ. Што се однесува до температурата, таа во лето на екваторот се движи од +20 °C, а во зима на половите до -153°C. Ветровите се честа појава на Марс. Така, за време на ветровитите сезони тие дуваат со брзини и до 100м/с. (речиси третина од брзината на звукот!), а знаат и да ја зафатат половината од планетата, кога се работи за песочните бури, со оглед на големите количини на песок кој се подигаат во атмосферата.

Марсовите мориња и реки по тераформирањето
Поради честиците од песок, атмосферата на Марс не е “сина”, туку има нијанси на розова боја. Облаците од разни врсти и облици се наоѓаат високо во атмосферата. Постојат недоволно потврдени индиции дека таму паѓа дури и снег. Луѓето на Марс испратија многу роботизирани сонди, а половината од нив не ја изработија својата работа. Човекот за жал, уште со децении нема да стапне на неговата површина. Сепак, еден ден кога ќе успее човекот, ќе има потреба да го претвори местото погодно за живот, не само во скафандери и во херметички затворени модули, туку и без нив.
Денес постојат докази дека на Марс се наоѓаат големи количини на вода, како под поларните подрачја, така и под површината на големите природни резервоари. Кога со сложени техничко – геолошки процеси ќе се успее да се спроведе тераформирањето на планетата, тоа веднаш би се одразило на подигнување на температурата, ќе се воспостави атмосфера, ќе настанат реки и океани, како и вегетација. Марс ќе стане место погодно за живот на човекот, но и на растителниот и животинскиот свет, каков што е на Земјата.
Се уште, не се знае точно кога и дали Марс наликувал на Земјата. Конфигурацијата на неговата површина и индикаторите кои се добиле со помош на роботите на површината и во орбитата, укажуваат дека таа планета некогаш била сина, слична на Земјата денес. Постојат и фотографии од релјефот, на кои се чини дека течната вода и денес го пронаоѓа својот пат до површината. Многумина астробиолози особено ги скокотка фактот за пронаоѓањето на метанот во атмосферата. Кога станува збор за нестабилен гас, тој мора да се создал во последните стотина години. Исклучени се вулканите и ударите од астероидите, а како можна причина за појавувањето на метанот се заговараат теориите за неговото биолошко потекло. Иако Марс е мала планета, на него се наоѓа најголемиот рид во Сончевиот систем. Ѕидовите на изгаснатиот вулкан Олимпус Монс се високи 27 км! Од друга страна, системот познат како Валес Маринерис е долг преку 4.000 км. и е длабок над 7 км.

Марс денес
Маркантниот “Голем Кањон” (САД) во споредба со него изгледа како детска играчка, а Монт Еверест како мал рид спрема Олимпус Монс. Можеби, дури некои далечни генерации на нашите потомци навистина ќе можат да застанат покрај брегот на океанот на Марс и ќе уживаат на пејзажите, кои помалку ќе наликуваат на тие од Земјата, но сепак поразлични. Благодарејќи на науката и техниката, ние денес можеме да претпоставиме како Марс во иднина би изгледал. До тогаш, треба да се зачува овој единствен син свет во Вселената кој го познаваме.
За тие похрабрите кои ќе се одлучат да излезат надвор под ледениот ѕвезден пејзаж, Марс во текот на февруари ќе излегува над источниот хоризонт, околу 21 часот навечер, а само час подоцна, ќе може да се види убаво со голо око, како црвенкаста ѕвездичка во соѕвездието Лав.
Извор:
Астрономски магазинАвтор: Марино Тумпиќ