Активности на САД

Рудине 16.03.2012

28.03.2012
Во долгиот зимски период со големи снегови и мразови не одевме на терен ниту да гледаме ниту да сликаме. Штом малку се затопли, се пројави желба за одење на терен па се организиравме и петмина од нас отидовме на терен со 4 телескопи.

Искра си го носеше нејзиниот двоглед со кој навистина се изнагледавме. Тоа е извонреден инструмент за отворени јата и поголеми маглини, така да беше интересно по прв пат да се види Орионовата маглина.

Маглини Пламен и Коњска глава. За поголема слика кликни тука.

Го носевме и големиот Добсон, па со него гледавме многу од објектите на длабокото небо како и планетите кои се во моментот актуелни. По прв пат оваа година со него го видовме и Сатурн со неговите 4 сателити. Никола и Петар беа задолжени  за работа на Добсонот.

Орионова Маглина. За поголема слика кликни тука.

Го носевме и за последен пат LX200, но со него многу малку гледавме. Како и обично, со него изгубивме многу време за позиционирање.

Галаксија NGC 4565. За поголема слика кликни тука.

Томи, како и обично, беше задолжен за астрофотографија, така да на фотосетапот го поставил Скопос телескопот и објективот Таир од 300мм. Метите на фотографирање можете да ги видите во овој извештај.

Радан Митровиќ

Овој запис е прочитан 779 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


вчера

What on Earth is that?  What on Earth is that?


завчера

Once the famous Once the famous


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Американскиот континент ќе се оддалечи уште повеќе кон запад, а Африка ќе се спои со Евроазија.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3