Земја/Месечина

Месечеви мени

26.02.2012
Месечината е темно тело, таа не зрачи сопствена светлина и затоа можеме да го видиме само оној нејзин дел кој го осветлува Сонцето. Бидејќи Месечината постојано ја менува својата позиција во однос на Земјата и Сонцето, тој дел гледано од Земјата, секој ден изгледа поинаку. Велиме - Месечината поминува низ мени или фази.



Како почетен момент за набљудување на промените на овие фази обично се зема моментот кога Месечината се наоѓа меѓу Земјата и Сонцето (позицијата М1 во цртежот). Оваа фаза се нарекува млада Месечина, но таа нема да може да се види, бидејќи кон  Земјата во тој момент е свртена неосветлената страна на Месечината (истовремено кон Месечината и е свртена осветлената страна на нашата планета). Понекогаш, може да се случи Месечината  во оваа фаза да го покрие Сонцето, и тогаш може да се види  нејзиниот темен диск, но оваа ситуација ретко се случува. Најчесто Месечината поминува над или под Сонцето.

Интересни глетки  се забележуваат дури по неколку дена, кога Месечината на патот кон Земјата се оддалечува кон исток. Тогаш, може да се види нејзиниот  тесен, но  српот секој ден се повеќе се шири (М2 и М3). Испакнатата страна на српот е свртена кон Сонцето, но треба  добро да се погледне  неговата спротивна, вдлабнатата страна. Рабовите на таа страна е границата помеѓу осветлениот и неосветлениот дел на Месечината, помеѓу светлината и темнината, помеѓу денот и ноќта. Тенката линија која го одвојува денот од ноќта на Месечината се нарекува терминатор.  На врвовите на српот се роговите на Месечината, а замислената линија  која ги поврзува  се нарекува линија на роговите. Во оваа фаза, роговите се свртени кон исток.

Во текот на денот Месечевиот срп тешко се забележува, бидејќи го засенуваат Сончевите зраци. Тој може да се види добро, откако Сонцето ќе зајде и тоа на Запад, во близина на местото на зајдисонцето. Наскоро, и Месечината ќе исчезне зад хоризонтот.

Треба да се обрне  внимание на фигурата на Месечината која се гледа во првите денови по фазата на младата Месечина. Остава впечаток  блескавиот бел срп, но освен него, може да се види и преостанатиот дел на Месечевиот диск. Тоа е делот каде уште е  ноќ, но таа ноќ ја разбива  некаква слаба сива светлина, како целиот предел да е во самрак.

Оваа светлина се нарекува сивкаста светлина и доаѓа од нашата планета (овој феномен го  објаснил Леонардо). Ова се всушност Сончевите зраци кои се одбиваат од Земјата и ја осветлуваат Месечината. Земјата на ова растојание доста силно сјае. Светлината која се одбива од него  и паѓа на Месечината осумдесет пати е посилна од најсилната месечина на Земјата.

Сивкастата светлина не може да се види во следните фази, бидејќи Месечината полека се преместува на ноќната страна. Кога од млада Месечина ќе поминат повеќе од седум полни дена, следува фазата која се нарекува прва четвртина (М4). Сега е осветлена целата десна половина на Месечевиот диск, а терминаторот се поклопил со линијата на рогови. Во оваа фаза, Месечината излегува напладне, а заоѓа на полноќ.

Според движењето на Месечината, тој што знае да чита од небото, нема да му биде потребен ниту  часовник ниту компас, затоа што и времето и страните на светот може да се видат гледајќи ја Месечината.

По првата четвртина, осветлената површина на Месечината и понатаму се зголемува. Велиме - Месечината “расте”. Секој ден терминаторот се повеќе се оддалечува пред Сонцето. На местата преку кој поминува, се раѓа ден (М5 и М6).

А две недели од младата месечина, навечер кога Сонцето ќе зајде, на небото се појавува полна Месечина, во својот најголем сјај (М7). Целата Месечина е осветлена со Сончевите зраци и нејзината светлина  тогаш е најсилна. Месечината ја разбива и најгустата темнина и прави сенки на Земјата. Оваа фаза се нарекува полна.

Кога е целосна фазата, Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината. Кон Земјата е свртена целата осветлена Месечева страна, а кон Месечината целата неосветлена страна на Земјата. Во оваа фаза, Месечината е цела ноќ на нашето небо. Дури во зората, кога на исток ќе се појави Сонцето, таа ќе зајде зад хоризонтот.

А веќе следната ноќ, Месечината не е веќе полна. На нејзиниот диск се појавува сенка. Следниот ден ова станува поизразено (М8 и М9). Терминаторот сега покажува место каде на Месечината почнува ноќта.

Третата недела од младата Месечина, терминаторот повторно се поклопува со линијата на роговите (М10). Сега веќе пола од дискот на Месечината е во темница, а осветлена е неговата лева страна. Оваа фаза се нарекува последна (или втора) четвртина. Месечината излегува на полноќ, а ќе зајде на пладне.
По последната четвртина, темницата го голта се поголемиот дел од Месечевиот диск и осветлениот дел се повеќе добива облик на срп (М11 и М12).

Осветлениот диск е завртен кон Сонцето, но роговите сега гледаат на запад. Месечевиот срп има облик на ќириличната буква” S” (или латиничната С), па според тоа, веднаш може да се знае дека Месечината тогаш е “стара”. Времето на излегување на Месечината е се поблиску до зората и заоѓањето на Сонцето, а неговиот срп е се потенок. Месечината повторно доаѓа над дневната стана на Земјата и таа се посилно го осветлува со одбиените зраци на Сонцето. Повторно на Месечината се забележува сивкастата светлина и ноќната страна на Месечината (М12).

Набргу потоа, на небото ја нема Месечината ниту Сонцето. Месечината е всушност тука, но по преку ден  свртена ни е нејзината неосветлена страна, па поради тоа и не можеме да ја видиме. Но, веќе следното утро почнува нов циклус на Месечеви мени.

Извор: Астрономски магазин

Автор: Александар Зоркиќ

Превод: Петар Ивановски

Овој запис е прочитан 3272 пати

Пребарај

Се вчитува...

Актуелно од САД

Фотографија на денот

денес

Why does this starfield photograph resemble an Why does this starfield photograph resemble an


вчера

Yes, but have you ever seen aurora from a cave? Yes, but have you ever seen aurora from a cave?


завчера

Why does this comet's nucleus have two components? Why does this comet's nucleus have two components?


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3