Сонце

Сончева рефлексија - Sun Dog

11.02.2012
Сончевите рефлексии или како што се попознати на Англиски - Sun Dogs, се атмосферски феномен кој создава светли точки на небото, најчесто сместени на два краја од хало околу Сонцето. Сончевата рефлексија може да се јави како обоено место светлина на 22 степени на левата или десната страна од Сонцето, на исто растојание од хоризонтот како и Сонцето. Може да бидат забележани било каде во светот во било кој временски период, но не секогаш се многу забележителни и светли. Најдобро може да се забележат кога Сонцето е ниско на хоризотот.


Широкоаголна фотографија на која се гледа сончевата рефлексија на левата страна од Сонцето

Најчесто се создаваат од хексагонални кристали од мраз во високите и ладни облаци цируси, или за време на многу ладно време од смрзнати кристали кои се нарекуваат дијамантски прав, кој се движи низ атмосферата на ниски височини. Кристалите делуваат како призми, закривувајќи ги сончевите зраци кои поминуваат низ нив со минимално отстапување од 22°. Ако смрзнатите кристали се расфрлано распоредени, може да се види комплетен круг околу Сонцето наречен - хало. Но, многу често, како што тие тонат низ воздухот се распоредуваат хоризонтално, па така сончевата светлина се рефлектира хоризонтално - во овој случај се гледа сончева рефлексија (Sun Dog).


Сончевата рефлексија фотографирана со 200 мм - можете да ги забележите боите во облик на виножито, иако најчесто се појавуваат топлите бои и многу поретко се забележуваат ладните



HDR фотографија со цел поубава да се забележи градот Банска Штиавница кој е во долината

Вчера многу случајно го забележав овој феномен. Додека бевме качени на едно ридче над градот, уживав во заоѓањето на Сонцето. Одеднаш на левата страна забележав некоја светлина и веднаш знаев што е. Побрзав да го земам фотоапаратот за да направам фотографии. Овој феномен навистина ретко може да се забележи волку чисто и јасно. Втор пат ми е да го видам, ама прв пат волку јасно и секако прв пат да го фатам на фотографија.



Мартин Стојановски

Овој запис е прочитан 1216 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

How was the unusual Red Rectangle nebula created? How was the unusual Red Rectangle nebula created?


вчера

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


завчера

What on Earth is that?  What on Earth is that?


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Најголемите ѕвезди спаѓаат во групата на црвени суперџинови. Тие имаат радиуси кои се споредливи со орбитите на Сатурн и Јупитер, што ги прави помеѓу 1 200 и 2 400 пати поголеми од Сонцето.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3