Како што бројот на откриени екстрасоларни планети расте, астрономите се подготвуваат за следниот чекор: наоѓање на карпеста, планета налик Земјата. Идеално, астрономите би сакале да ја блокираат светлината од ѕвездата домаќин и да го видат рефлектираниот одблесок од атмосферата на планетата, во обид да го откријат нејзиниот хемиски состав. Но, како би излгледала рефлектираната светлина на оваа планета налик Земјата? За да се одговори на ова прашање, ново истражување анализираше како Земјата изгледала во различни временски периоди во нејзината историја?

Во моментот, астрономите добро разбираат како нашата планета рефлектира светлина. Дури и пред да бидат лансирани сателити кои можат да го набљудуваат ова директно, ние бевме во можност да ја видиме нашата рефлектирана светлина на Месечината, ефект познат како „Earthshine“. Количината на рефлектирана светлина зависи од тоа што е на површината.
Истражувањето разгледува пет различни типови на рефлективни материјали. Водата и вегетацијата се сметаат за силни пригушувачи на видливата и ултравиолетовата светлина, додека мразот и пустините се високо рефлективни. Покриеноста со облаци, која исто така рефлектира доста светлина, е петиот тип.
Денешната Земја во моментот рефлектира околу 32% од сета светлина која стигнува до нејзе. Овој процент се менува горе-доле неколку проценти во зависност од сезоната и тоа најчесто поради количината на покриеност со облаци.
Новото истражување исто така анализира колкаво било количеството на рефлектирана светлина од Земјата, познато како албедо, во четири различни историски периоди: Доцна Креда (Late Cretaceous) - пред 80 милиони години, Доцниот Тријас (Late Triassic) - пред 230 мил. години, Мисисипианот (Mississippian) - пред 340 мил. год. и Доцниот Камбриан (Late Cambrian) - пред 500 мил. год.
[the Late Cretaceous (90 million years ago), the Late Triassic (230 My ago), the Mississippian (340 My ago), and the Late Cambrian (500 My ago)]
Користејќи симулации базирани на различни карактеристики на површината, тимот од шпанскиот Instituto de Astrofísica de Canarias ја реконструирал очекуваната количина на покриеност со облаци за овие четири различни епохи од историјата на Земјата за да го разгледаат нивниот придонес на вкупното албедо.
Генерално, историските периоди имале неверојатно слична количина на рефлективност поради сличната дистрибуција на океан, копно и вегетација, како и слични дистрибуција на континентите помеѓу хемисферите и повеќето од пустините во ниски географски широчини. Исклучок од ова е Доцниот Камбриан каде што просекот на рефлектирана светлина бил малку поголем и тој зависел од тоа кој дел од Земјата бил гледан.
Во тој период, суперконтинентот Пангеа бил во процес на отцепување и копното било претежно собрано во јужната хемисфера. Нивото на водите било исто така повисоко, што значело дека поголем дел од копното бил под вода, покриен од не рефлектирачки материјал. Во овој период поголем дел од животниот свет сеуште бил концентриран во океаните. Бидејќи сеуште не еволуирал на копно, се верува дека површината била претежно карпеста пустина која би имала висока рефлективност. Набљудувач во тој период би заклучил дека албедото оди и до 37%, па потоа паѓа до 32% во зависност во кој дел од Земјата гледал.
Тимот кој работел на ова истражување претпоставува дека ваквите варијации можат да им дозволат на астрономите во иднина да го утврдуваат времето на ротација кое и е потребно на некоја планета. Во идеални ситуации тоа може да ни каже и за географската распореденост на континентите.
Извор:
Universe Today