Забава

Баз Олдрин рапува!

23.06.2009
На прв поглед astronomija.com.mk не е местото каде очекувате да сретнете новини од светот на музиката, но кога еден легендарен астронаут одлучил да навлезе во водите на шоу бизнисот, на овој портал не му останува многу освен да ги следи неговите стапки и да ве информира. А, и не секој ден имаме можност да објавиме ексклузивни шоу бизнис вести! :)

По повод 40 години од стапнувањето на Месечината, астронаутот од мисијата Аполо 11 и вториот човек кој чекорел на нашиот природен сателит, ја сними хип-хоп темата Rocket Experience во соработка со познатиот рапер Snoop Dogg и продуцентот Talib Kweli. Во песната се појавуваат и Quincy Jones и  Soulja Boy. Интернет страницата Fun od Die објави видео од процесот на снимање на песната, во која Баз рапува за искуствата што ги имал за време на легендарната мисија Аполо 11.

Уживате во видеото!

     

Исто така, песната може да се купи и симне од сервисот iTunes. Дел од приходите од продажбата на Rocket Experience ќе одат на сметката на Фондацијата „Сподели Вселена“, која финансиски ги помага активностите на Американското национално вселенско друштво, Планетарното Друштво и Фондацијата за стипендии за астронаути.

Баз Олдрин - првиот рапер на Месечината

Филип Парталовски

Овој запис е прочитан 1133 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

Once the famous Once the famous


вчера

The Waterfall and the World at Night The Waterfall and the World at Night


завчера

Swinging around the Sun's eastern limb on Monday, Swinging around the Sun's eastern limb on Monday,


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

За постоењето на Нептун се знаело уште пред тој да биде откриен.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3