Забава

Галилео не беше првиот на Месечината

20.04.2009
Едно од најчестите недоразбирања кои луѓето ги имаат за астрономијата е дека Галилео го открил телескопот. Ние знаеме дека тоа не е точно; телескопот се користел години пред Галилео. Напредокот што го направил тој е дека меѓу првите го свртел истиот кон небото. Но овој последен дел е важен: тој беше меѓу првите, но не и првиот човек што користел телескоп за да набљудува астрономски објекти и да документира што видел.


Првата било кога направена телескопска карта на Месечината, која е изработена од Томас Хариот во Јули 1609.

Горната слика е првиот познат цртеж на Месечината видена преку телескоп. Направен е од Томас Хариот во Јули 1609, многу месеци пред Галилео да ги издаде своите сопствени цртежи. Грубо е да се каже дека е така, но се заклучува дека Галилео не бил првиот кој со ја видел Месечината со новиот иструмент. Хариот бил математичар и астроном и очигледно го победил Галилео во наблудувањето на небото со предност од неколку месеци. Тој напишал статија за ова, во која дава докази, од писмата пратени од Хариот до пријателите, дека барем некои од овие цртежи биле направени пред тие на Галилео.

Но ова не смее да значи потценување на тоа што го направил Галилео! Тој бил пионер во астрономијата и неговите внимателни набљудувања се една од причините поради кои ние денес го помниме, а годинава ја славиме и Меѓународната година на астрономијата. Тоа што треба да се разбере е причината поради која го славиме придонесот на Галилео - бил многу добар при промоцијата на себе си. Тој ги објавил неговите цртежи, додека Хариот тоа не го направил. Се разбира, сопствената промоција на Галилео е тоа што му предизвикало многу невољи подоцна во животот. Тој ги навредил Папата и Црквата. Во тоа време Црквата општеството воопшто не биле средина каде владееле прифаќање и толеранција.


Карта на целото лице на Месечината изработено од Хариот.

Картата прикажана погоре е навистина воодушевувачка, со достоен приказ за она што можело да се види со тогашната технологија. Изработена е од Хариот околу 1613 година, во периодот кога тој наеднаш (и од засега непознати причини) престанал да го набљудува небото. Хариот независно ги открил сончевите пеги и ги набљудувал месечините на Јупитер (иако ги открил по Галилео и известил за нив, заслужен е што внимателно ги мерел движењата  на месечините и неговите наблудувања биле потврдени).

Иако прости, инструментите достапни на Хариот овозможиле работа со најнапредната технологија во тоа време, која тој ја користел колку што можел. Иако помоќниот телескоп на Галилео му овозможил да направи повеќе, за време на оваа јубилејна година Томас Хариот не би требало да остане заборавен заборави.

Доколку понекогаш ја погледнете Месечината или Сатурн низ телескоп, или некое друго небеско тело годинава, потсетете се на овие луѓе кои пред четири века за прв пат го сторија истото и обидете се да замислите како било да се види сосема нов свет, нов Универзум кој се отворил пред нив.

С.С.

Овој запис е прочитан 1446 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

What's that in the sky? What's that in the sky?


вчера

How was the unusual Red Rectangle nebula created? How was the unusual Red Rectangle nebula created?


завчера

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Најголемиот метеорит што некогаш бил пронајден на Земјата е Hoba West во државата Намбија. Тој има волумен од 7 метри кубни и маса од 60 тона.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3