Астроучилница

Сатурн

кликнете за поголема
Сатурн
Сатурн е шестата планета од Сонцето, орбитира на околу 10 астрономски eдиници од Сонцето и е втората по големина. Во римската митологија, Сатурн е бог на земјоделството. Сродниот грчки бог Кронус, бил син на Уран и Гаја и таткото на Зевс (Јупитер).

Сатурн е познат уште од предисториско време. Галилео бил првиот кој набљудувал преку телескоп во 1610 тој ја забележал неговата чудна појава и бил многу збунет од неа. Обсервациите на Сатурн биле искомплицирани поради фактот дека Земјата поминува преку рамнината на прстените на Сатурн на секои неколку години како што Сатурн се движи по својата орбита. Дури во 1659 Кристијан Хајгенс коректно ја организирал геометријата на прстените. Прстените на Сатурн останаа уникатна појава во Сончевит Систем, се до 1977 кога беа откриени околу Уран,

ИНТЕРЕСНО

Иако неговите прстени изгледаат од Земјата како една целина, тие се всушност составени од огромен број мали честици, секоја во независна орбита.

Сателитот на Сатурн, Титан, има атмосфера богата со метан.

а потоа и околу Јупитер и Нептун.

Сатурн беше најпрво посетен од Пионир 11 во 1979 и подоцна од Војаџер 1 и Војаџер 2. Касини е на пат кон Сатурн каде што ќе пристигне во 2004.

Како и Јупитер, Сатурн е околу 75% водород и 25% хелиум со траги од вода, метан, амонијак и тврд материјал сличен на составот на примордијалната небула од која се формирал Сончевиот Систем.

Jадрото на Сатурн е слично на Јупитер. Тоа е жешко со 12000 К и Сатурн емитира повеќе енергија отколку што прима од Сонцето. Поголемиот дел се создава преку Келвин-Хелмхолцовиот механизам како и кај Јупитер. Но, ова можеби не е доволно за да се објасни неговата луминозност.

Прстените на Сатурн

Иако неговите прстени изгледаат од Земјата како една целина, тие се всушност составени од огромен број мали честици, секоја во независна орбита. Нивната големина е од центиметар па до неколку метри. Можно е да се сретне и со дијаметар од неколку километри.

Сатурн заедно со својот најголем сателит - Титан; фотографија на Скопско астрономско друштво
Честиците од прстените се составени главно од мраз, но можат да содржат и карпест материјал.

Потеклото на прстените на Сатурн и кај другите планети од Јупитеров вид е непознато. Се претпоставува дека настанале со распадување на сателит.

Сатурн може да се набљудува со голо око, иако убавината на неговите прстени се открива дури кога ќе ги погледнеме низ телескоп.

Овој запис е прочитан 15967 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

What's that in the sky? What's that in the sky?


вчера

How was the unusual Red Rectangle nebula created? How was the unusual Red Rectangle nebula created?


завчера

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Сонцето веројатно е активно веќе 4,6 милијарди години, а има доволно гориво за уште околу 5 милијарди.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3