Астроучилница

Планети

ИНТЕРЕСНО

Кога Сонцето би било топка со дијаметар од 1,5m, а Земјата со пречник од 1,3cm, би орбитирала околу Сонцето на растојание од 150m.

Орбитите на сите планети се елипси со Сонцето во едниот од фокусите. Кај сите планети елипсите речиси се кружници, освен Меркур кој има многу издолжена елипса. Кога би погледнале од над северниот пол на Сонцето, планетите орбитираат во насока обратна од движењето на часовникот. Планетите орбитираат речиси на иста рамнина наречена еклиптика, рамнина дефинирана од орбитата на Земјата. Еклиптиката е наклоната за околу 7 степени од рамнината на Сончевиот екватор. 

кликнете за поголемо

Наклонетоста на оските на сите планети во однос на рамнината на која орбитираат околу Сонцето.

Оската на ротација кај повеќето планети е речиси нормална на еклиптиката, но исклучок е Уран , чија оска е речиси паралелна со еклиптиката. Затоа кога се движи околу Сонцето изгледа дека се тркала како буре. Според конвенцијата пропишана од Меѓународната Астрономска Унија, северниот пол на планетата лежи над еклиптиката. Според тоа, Венера и Уран  имаат ретроградна ротација, односно ротација спротивна од онаа на другите планети.

кликнете за поголемо

Однос на големините на планетите.

За да ја добиеме вистинската слика на димензионалниот изглед на Соцето и планетите ќе ја направиме следната аналогија (вистинските димензии ќе ги поделиме со милијарда): така, Сонцето би било топка со дијаметар од 1,5m, а Земјата со пречник од 1,3cm и би орбитирала околу Сонцето на растојание од 150m. Месечината би била на 30тина сантиметри од Земјата, а Јупитер со своите 15cm би орбитирал на 780m од Сонцето. Сатурн, со големина на портокал, би орбитирал на двојно поголемо растојание, односно на 1,5km, а Уран и Нептун (со големина на лимони) на 3, односно 4,5 киломери. Во оваа аналогија човекот би бил со големина на атом, а најблиската ѕвезда, Проксима Кентаур, би била оддалечена 40000km.

Осумте планети се делат на неколку начини:

Според составот:

  • Планети од Земјин тип (или карпести планети): Меркур, Венера, Земја и Марс. Наречени се така бидејќи имаат цврста, карпеста површина како и Земјата. Сите тие, освен Меркур, имаат значителна атмосфера.
  • Планети од Јупитеров тип (или гасни џинови): Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Гасните планети воглавно се составени од водород и хелиум и имаат мала густина, брза ротација, дебела атмосфера, прстени и многу сателити. Иако се наречени гасни планети, имаат мало цврсто јадро.

Според големината:

  • Мали планети: Меркур, Венера, Земја и Марс. Овие планети имаат дијаметар помал од 13000 km.
  • Џиновски планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сите тие имаат дијаметри поголеми од 48000 km.

Според оддалеченоста од Сонцето:

кликнете за поголемо

Однос на орбитите на блиските планети плус Јупитер и Сатурн.

  • Блиски планети: Меркур, Венера, Земја и Марс.
  • Далечни планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Границата помеѓу овие два дела е астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Според позицијата во однос на Земјата:

  • Внатрешни планети: Меркур и Венера. Тие се наоѓаат поблизу до Сонцето отколку Земјата. Потади тоа, гледани од Земјата пројавуваат мени, исто како и Месечината.
  • Надворешни планети: Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун.
  • Земја (не спаѓа во ниту една категорија бидејќи таа ја претставува границата).
кликнете за поголемо

Однос на орбитите на далечните планети.

Според историјата:

  • Класични планети: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Тоа се планетите кои биле познати уште од праисториското време бидејќи се видливи со голо око.
  • Современи планети: Уран и Непрун. Сите тие се откриени по пронаоѓањето на телескопот бидејќи се невидливи со голо око (Уран може да се забележи со голо око, но само при добри услови и ако претходно се знае неговата точна позиција).
  • Земја.

Растоја-
ние
(AU)
Радиус
(Земја=1)
Маса
(Земја=1)
Ротација
(Земја=1)
Број на сател.
Наклон на рамнина
Ексцен-
тр. на орбита
Наклон на оска
Густина (g/cm3)
0
109
332.800
25-36*
---
---
---
---
1,410
0,39
0,38
0,05
58.8
0
7
0,2056
0,1°
5,43
0,72
0,95
0,89
244
0
3,394
0,0068
177,.4°
5,25
1,0
1,00
1,00
1.00
1
0,000
0,0167
23,45°
5,52
1,5
0,53
0,11
1,029
2
1,850
0,0934
25,19°
3,95
5,2
11
318
0,411
58
1,308
0,0483
3,12°
1,33
9,5
9
95
0,428
31
2,488
0,0560
26,73°
0,69
19,2
4
17
0,748
>20
0,774
0,0461
97,86°
1,29
30,1
4
17
0,802
8
1,774
0,0097
29,56°
1,64










Овој запис е прочитан 16660 пати

Пребарај

Се вчитува...

Фотографија на денот

денес

What's that in the sky? What's that in the sky?


вчера

How was the unusual Red Rectangle nebula created? How was the unusual Red Rectangle nebula created?


завчера

Our Sun is not a giant blueberry. Our Sun is not a giant blueberry.


Фази на Месечина

Сончева активност

Интересно

Најсветлата супернова во историјата се појавила во соѕвездието Волк во 1006 год. Нејзината магнитуда била околу -10 (полна Месечина е -12)!. Следната најсветла супернова се случила во 1054 година, одговорна за Маглината Рак (Crab Nebula) во Бик. Таа имала магнитуда -5. Оттогаш само уште една сурепнова била визуелно забележлива - таа во 1987 година во Големиот Магеланов Облак, која светела со магнитуда +2.

САД преку социјалните мрежи

Македонски Star Trek фан клуб
Astronomski Magazin (на Спрски јазик)
Copyright © Скопско астрономско друштво | Изработено од Medium3